Логистички центар, инвестиција од милион евра на компанијата „Глобекс“ ДОО Скопје, е првиот објект што почна да се гради денеска во мултифункционалната зона Чојлија. Во логистичкиот центар во почетокот ќе бидат отворени 30 нови работни места, а вкупно се планирани 360. Објектот се гради на површина од 7.000 квадратни метри и треба да биде завршен во првиот квартал в година. Во индустриската зона Чојлија досега се продадени 65 парцели, а според Јанакиески, за дел од планираните инвестиции наскоро ќе бидат поставени камен-темелници. Сопственичката на „Глобекс“, Снежана Kокра, најави дека планираат до почетокот на следната година да го оградат целиот простор на кој се гради.
Логистички центар, инвестиција од милион евра на компанијата „Глобекс“ ДОО Скопје, е првиот објект што почна да се гради денеска во мултифункционалната зона Чојлија.
- Во логистичкиот центар во почетокот ќе бидат отворени 30 нови работни места, а вкупно се планирани 360 - најави по поставувањето на камен-темелникот, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Објектот се гради на површина од 7.000 квадратни метри и треба да биде завршен во првиот квартал в година. Во индустриската зона Чојлија досега се продадени 65 парцели, а според Јанакиески, за дел од планираните инвестиции наскоро ќе бидат поставени камен-темелници.
Сопственичката на „Глобекс“, Снежана Kокра, најави дека планираат до почетокот на следната година да го оградат целиот простор на кој се гради.
- Тука ќе бидат сместени логистичкиот центар и фирмата-ќерка на „Глобекс“ - „Глобал логистик“, каде ќе има околу 350 вработени. Сите средноразвиени фирми кои сакаат да напредуваат и да градат не треба да се плашат од тоа. Треба да се зголемува бројот на фирмите во Македонија и да се искористат сите услови што ги овозможува Владата - изјави Kокра.
Градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, е задоволен од стартот на инвестициите во Чојлија, која е најголема индустриска зона во Македонија.
- Подготвени сме да пречекаме уште поголем број инвеститори. Не се продадени само уште 11 парцели - наведе Митевски.